Здружението за развојни иницијативи Геостратешки Институт Глобал презентираше дел од својата работа, како дел од проектот “ДИГИНОМИЈА“, со цел потикнување на иницијативи за дигитализација на работењето на мали и средни компании.
Разговаравме како да се создадат услови во економијата за развој на иновативни бизнис модели, непосредно со претставници од бизнис заедницата.
Поттикнавме разговори на оваа значајна тема како и вмрежување и размена на искуства.
Настанот и целиот истражувачки проект е под покровителство на Министерство за Економија и Труд.
На самиот настан беа донесени неколку заклучоци кои ќе бидат дел од конечниот извештај за реализаиција на проектот.
Настанот се одржа на 01.03.2025 година во 10 часот во Ресторан Гарден Палас во општина Куманово

No comment