Би сакале да го најавиме вториот по ред спортски самит Today’s Sport 23 кој претставува најмасовен и единствен од ваков тим на спортски настани во нашата држава. Спортскиот самит оваа година е под покровителство на Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски. Основната цел на спортскиот самит е менување и eтаблирање на нови и модерни спортски политики кои ќе бидат усогласени со европските, односно промени во спортскиот систем кај нас особено оној професионалниот преку воведување на нови начини на финансирање, нови начини на менаџирање но и воведување на нови спортски професии како што се спортски менаџер и спортски туризмолог.
Исто така самитот ја има високо на својата агенда и најболната тема во нашето општество корупцијата во спортот за која ќе се говори јавно и отворено. Спортскиот самит ќе настојува да нуди позитивни и соодветни спортски политики кои се базирани на искуствата на европските спортски политики.
Годинава, ќе имаме чест и задоволство на самиот самит да поздрават и дебатираат членови на Владата, директори на значајни државни институции, претставници на Универзитетската зедница, спортски работници, здруженија на граѓани од областа на спортот и образованието како и професори и експерти од Европската Унија.
Почитувани,
Би сакале да Ве поканиме да земете активно учество и да бидете дел од овој голем спортско-образовен настан во нашата држава, и да придонесете за градење на новите спортски политики.
No comment